Детроит, најголемиот град во американската сојузна држава Мичиген, е нејголемиот град во историјата на САД кој прогласил банкрот.
Државата Мичиген во март го изнајми Кевин Ора, експерт за банкрот, за да го извлече Детроит од финансиската бездна. Но сето тоа се заврши без успех. Детроит денес прогласи банкрот, а напорите на Ора да ги убеди кредиторите, синдикатите и одборите на пензионери да помогнат во финансиската реконструкција на градот беа неуспешни.
Се верува дека буџетскиот дефицит на Детроит преминува 380 милиони долари. Додека долгорочниот дефицит е 14 милијарди, но набргу ќе биде помеѓу 17 и 20 милијарди долари, според Кевин Ора.
Кевин навел неколку фактори кои, според него, се причината што градот не успеал да се избори со кризата. Најважниот фактор е тоа што помеѓу 2000 и 2010 година, градот изгубил 250.000 жители. Моменталната бројка на жители во овој град е нешто над 700.000. Се очекува оваа бројка, после банкротот, забрзано да опаѓа.
Демогравската статистика покажува дека, Детроит најмногу го напуштиле жителите од средната класа, а со тоа и голем број на работодавачи. Стапката на миграција од скоро 25% на жителите на Детроит, во рок од 10 години го дефинирал банкротот уште одамна. Детроит во последниве месеци, своите 10.000 вработени ги плаќал од државниот буџет.