Фустанот со необична шара е уште поинтересен кога подобро ќе се загледате во него.
По МЕТ Гала забавата, сите зборуваат за екстравагантните фустани на Бијонсе, Ријана, Џеј Ло, Сара Џесика Паркер и Ким Кардашијан, а вистинскиот „бисер“ цело време се криел во фустанот на вереницата на познатиот „вампир“ Роберт Патинсон.
Музичарката ФКА Твигс носеше фустан на Кристофер Кејн со интересна шара, а најинтересниот дел од фустанот се наоѓал високо на препоните на младата ѕвезда. Илустрацијата на пенис на нејзиниот фустан привлече многу зачудени погледи и многу брзо стана креација за која дефинитивно најмногу се зборуваше по МЕТ Гала.
Инаку, Патинсон и ФКА Твигс на црвениот тепих за оваа забава за прв пат се појавија на официјален настан како двојка. Во почетокот на април двојката откри дека се вери по само шест месеци врска.