Овој фасцинантен иконограф на елeгантен начин ги разделува најпопуларните јазици кои ги зборуваат луѓето ширум светот. Поконкретно, овој ѕиновски круг го претставуваат 4.1 милијарди луѓе, на кои еден од 23-те прикажани најзборувани јазици им е мајчин јазик. Кога на оваа листа би биле додадени и луѓето ширум светот кои знаат некој од овие јазици плус, тогаш процентите можеби би изгледале и поинаку. Мапата беше креирана за потребите на „South China Morning Post“, од страна на новинарот Алберто Лукас Лопез.