Познатиот американски таблоид „RadarOnline“ открива интересни детали за свадбата на моментално најактуелниот холивудски пар, Ким Кардашијан и Кание Вест.
Имено, освен местото и датумот на венчање, тие откриваат и сегменти од предбрачниот договор. Според извори на познатиот таблоид, Кание воопшто и не сметал дека е потребно да се потпише било каков документ, но сепак, се согласил да биде дел од оваа вообичаена процедура на познатите.
Тие известуваат дека освен заедничката вила на парот во Бел Ер, на Ким Кардашијан ќе и следува и еден милион долари за секоја година помината во брак со познатиот рапер. Исто така, според договорот, сите подароци како накит, автомобили или било какви други драгоцености кои Кание и ги подарил остануваат за црнокосата старлетас. Приходите пак кои таа ги добива од реалното шоу, семејниот бренд за облека и останатите дополнителни хонорари, ќе останат за неа.
Според изворите, околу потпишувањето на договорот немало никакви несогласувања или убедувања. Едноставно, тие и двајцата веруваат дека се вистинските еден за друг, и дека бракот ќе трае вечно, но дека оваа процедура е неопходна формалност пред стапувањето во брак меѓу познатите.
Се проценува дека во моментов богатството на Ким изнесува околу 40 милиони долари, додека Кание „тежи“ 100 милиони долари. Тие двајцата се родители на малата Норт Вест која ја добија минатото лето.
Венчавката ќе се одржи на 24 мај во Париз. Ова ќе биде прв брак на славниот рапер, а трет за познатата реалити ѕвезда.