Да имаше Оскар за најдобра куќа…
Без разлика дали се реални или креирани низ филмската магија, тука ви претставуваме собрани најомилените од сите времиња историски куќи покажани во филм.
The Holiday
Во 2006 година филмот „The Holiday“ во кој глумеа Кејт Винслет и Камерон Дијаз, кои пак одлучија да си ги сменат домовите (во Англија и Лос Анџелес) е дефинитивно еден од омилените. Бајковитата топла колиба, сместена во село во близина на Лондон, е целосно маѓепсувачка. За жал, колибата не е вистинска, тоа е само фасада изградена сред празно поле и е дотерана само за филмот. Но, тоа не ја прави помалку убава.
The Notebook
Веројатно најромантичната реновација на дом некогаш снимана на филм- Ноа ја ремоделира со цел да ја врати својата љубов Алие. Куќата се наоѓа во Јужна Каролина, и е од 1770 година.
Gone With The Wind
Веројатно една од најпознатите куќи во историјата на филмот. Функсционалната плантажа од филмот од 1939 година „Gone With The Wind“, е моделирана според плантажите во ерата на Граѓанската војна, и се наоѓа во Калифорнија.
Under The Tuscan Sun
Дали некогаш сте сакале импулсивно да се преселите во Италија, купувајќи напуштена вила, и реновирајќи ја? Па, тоа го прави главниот карактер, Францес во овој филм од 2003 година. Тускан вилата која е употребена во филмот е реална- по филмот, и е целосно реновирана и дури може да се изнајмува.
Father of the Bride
Филмот кој инспирира стотици невести да сакаат венчавка во задниот двор. Шармантниот дом со бела ограда во верзијата на филмот од 1991 година со Стив Мартин, е всушност комбинација од две различни куќи: интериерот и предиот екстериер е снимен во Пасадена, Калифорнија, додека задниот двор и сцените со страничните имоти се снимани во традиционална колонија лоцирана во Алхамбра, Калифорнија.
Home Alone
Иако домот не оди заедно со „безбедносниот систем“ на Кевин Меклаистер, прекрасниот дом од предградие во Чикаго кој бил употребен во хитот од 1990 „Сам дома“ е продаден за 1.5 милиони долари. Но, иако некои од сцените се снимани во куќата, повеќето се направени во спортска училишна сала која се наоѓала во близина.
The Great Gatsby
Добро, дел од ектериерот од палатата „West Egg“ на Џеј Гетсби е резултат на CGI магијата, но поголемиот дел може да се види во реален живот во Сиднеј, Австралија. Според еден напис во списанието „Architectural Digest3, на дизајнерскиот тим за филмот им биле потребни 14 недели да го изградат, бојадисуваат и декорираат инетриерот само за оваа палата, вклучувајќи ги големите луксузни бањи, библиотеки, големи спални, ходниците, терасите и градината.
Psycho
Ако постоеше Оскар за најморничава куќа некогаш, сигурни сме дека куќата на брдото на Норман Бетс искористена во хорор фимот од 1960 „Psycho“ би победела. Куќата се уште стои во Universal студијата во Холивуд (иако куќата била преместувана два пати откога била изградена). Режисерот Алфред Хичкок наводно ја моделирал оваа куќа според сликата „The House by the Railroad“, портрет од викторијански дом во Њујорк.
Top Gun
Иако многумина луѓе ја препознаваат оваа викторианска куќа во Ошнсајд, Калифорнија како дом од еден од ликовите во филмот „Top Gun“, овој имот всушност има интересно минато. Изградена е во 1887 година од др. Хенри Грејв, и таа е една од настарите имоти на плажа во Сан Диего. Домот бил прогласен за историски имот во 2005 година, но градот Ошнсајд дозволил проект на луксузен хотел од 209 милиони имотот да биде отстранет наредната година, и би можел да ја обнови оваа куќа во некое локално кафуле.
Marley and Me
Прекрасната фарма во рурална Пенсилвенија, во која карактерите одиграни од Џенифер Анистон и Овен Вилсон се преселиле во филмот од 2008 година „Marley and Me“ е сонот на сите љубители на стари куќи. Куќата изградена од камен во 1830 година, која била употребена и за сите сцени, веќе била целосно реновирана пред да започне продукцијата, и многу малку е променето за потребите на филмот. Придуцентите дури го користеле мебелот на сопственикот на куќата.