5.Експериментите на Харлоу со мајмуни
Во седумдесеттите, американскиот компаративен психолог Хари Харлоу спровел експерименти врз мајмуни во универзитетот на Висконсин-Медисон, сакајќи да произведе животинска варијанта на клиничката депресија. Уредот кој тој го создал самиот го нарекол „Јама на очајот“ и се состоел од изолациска комора во која мајмуни стари од три месеци до три години биле затворани сами во траење до три седмици. По неколку дена, мајмуните престанувале да се движат и останувале стуткани во аголот. Експериментите на Харлоу биле жестоко осудени од страна на јавноста.