Некои луѓе особено ги привлекува костимографијата на големото платно, особено кога истата содржи беспрекорен моден стил – софистициран, префинет и елегантен.
На пример, Одри Хепберн во „Појадок кај Тифани“ постави нови стандарди во модната индустрија кога за прв пат беше прикажано црното кратко фустанче, кое претставува класика, a воедно и задолжитечно парче што го поседува секоја жена и денес.
Модата ја промени и Џулија Робертс во една од најромантичните драми на сите времиња „Прекрасна жена“.
Да погледнеме 10 филмови во кои главната улога му припаѓа на стилот.
Ѓаволот носи Прада
The Devil Wears Prada, 2006
Филмот раскажува приказна зад вратите на најпрестижниот моден магазин “Vouge“. Во рацете на озлогласената шефица запаѓа една асистенка, чиј што живот засекогаш ќе биде променет, отако ќе навлезе во светот на модата.
Коко Шанел
Coco Before Chanel, 2009
Одличен биографски филм за Коко Шанел и развојот на нејзината кариера. Таа започнува како пејачка, а завршува меѓу најславните дизајнери на сите времиња. Приказна е за една вистинска жена и икона на модниот стил.
Појадок кај Тифани
Breakfast At Tiffany’s, 1961
„Појадок кај Тифани“ не се однесува директно на модата иако секогаш е дел од написи за конкретната тема. По ова филмско дело – пунџата, бисерниот ѓердан и црниот фустан станаа препознатлив имиџ ширум светот.
Сексот и градот
Sex and the City, 2008
Најдобри пријателки, многу софистицирана облека и безброј чевли… По култната ТВ серија, во филмот се појави Кери облечена во неодолива венчаница на насловната страна на модната библија „Вог“. Дефинитивно, филм кој може да послужи како школски пример за високата мода.
Прекрасна жена
Pretty Woman, 1990
Од проститутка до принцеза. Она што е највпечатливо во овој филм е исконската трансформација на Џулија Робертс . Коктел фустанот со бели точки стана вистински репер за елеганција и шик изглед.
Шопохоличарка
Confessions Of a Shopaholic, 2009
Филмот го опфаќа животот на една новинарка и страствен обожавател на шопинг. Нејзиниот ентузијазам за нови работи не познава граница. Главната хероина во филмот демонстрира заносни парчиња.
Џиа
Gia, 1998
Биографска драма за супермоделот Џиа Мари, која успеала да внесе необична свежина во 70-те години. Премногу комплицирана и уште поубава, Џиа ќе ве освои со тажната приказна за љубовта, славата и се разбира, светот на модата.
Големиот Гетсби
The Great Gatsby, 2013
Адаптација на познатиот роман за животот на младите и богати луѓе во 20-те години н дваесеттиот век. Особено внимание заслужуваат костимите кои беа наградени со „Оскар“. Едноставно беспрекорно.
Ив Сент Лорен
Yves Saint Laurent, 2014
Сент Лорен има изградено успешна кариера како главен дизајнер на модната куќа „Диор“ на само 21 година. Не е изненадувачки тоа што неговата биографија е одлична приказна за режисерите. Во 2014 година, се случи да се појават два филма на истата тема. И тука акцентот беше ставен на модата.
Џентлменот преферира блондинки
Gentlemen Prefer Blondes, 1953
Речиси секој филм со Мерлин Монро е своевидна ода на женственост и сексуалност. Мерлин е заносна и секаде е одлично облечена. Овој филм изобилува со луксузни фустани, а тука е и еден од најисконските – розевиот со долги ракавици.