Депресија – последица на недостаток на цинк?!

Шпанските истражувачи дојдоа до заклучок дека како главна причина за депресија се јавува недостатокот на цинк во организмот.

Имено, токму овој минерал штити од негативните промени на расположението, сметаат експертите од Национален истражувачки центар во Шпанија.

Невротрансмитерите кои одговараат за пренесување на информациите меѓу невроните се способни да лачат азотни оксиди кои пак се соеденуваат со цинкот и на тој начин го олеснуваат и забрзуваат пренесувањето на информациите.

bademi

Доколку нервните клетки се правилно поврзани и го добиваат потребното количество на информации нервниот систем ќе биде балансиран.

Според експертите недостатокот на цинк може да предизвика апатија и депресија. Се претпоставува дека во иднина лечењето на булимијата, анорексијата, хроничниот алкохолизам и наркоманијата ќе се врши со помош на лекови кои содржат голема количина на цинк.

z

Поради тоа се препорачува исхрана богата со цинк кој намногу го има во рибата, јаткастите плодови, бобинките, црвеното месо, јајцата итн.

Дневно препорачани количини на цинк

1. Бебиња (0-6 месеци) – 2 мг

2. Бебиња (6-12 месеци) – 3 мг

3. Деца (1-3 години) – 3 мг

4. Деца (4-8 години) – 5 мг

5. Деца (9-13 години) – 8 мг

5.Мажи – 11 мг

7. Жени – 8 мг

8.Трудници – 11 мг

9. Доилки – 12 мг

- Реклама -