Во кривичниот суд продолжува преслушувањето на „бомбите“ од предметот на СЈО „Титаник“ за изборни нерегуларности.
За овој предмет постојат над 1000 аудио-снимки врз основа на кои Специјалното обвинителство го формираше случајот. Обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешната министерка Гордана Јанкулоска и други поранешни функционери носители на високи функции во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Досега се слушаа снимки како се договара превоз на дијаспората, мобилизација на царинските екипи, проверки дали сопругата на Црвенковски има имот во Хрватска, но и испраќање на инспекции во фирми кои не се приклонети кон ВМРО-ДПМНЕ.
За предметот „Титаник“, СЈО има поднесено 5.910 материјални докази и предложено 191 сведок.
Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.