Во Нови Сад денеска почнува 14. фестивал Егзит, кој до 14 јули ќе ги собере посетителите од 60 земји од сите континенти, а на 14 бини на Петроварадинската тврдина ќе се претстават музичари од 20 земји.
На отворањето на фестивалот, за кој се очекува да го посетат десетици илјади луѓе, главна ѕвезда ќе биде Нил Роџерс и неговиот бенд „Chic“, а пред него ќе настапи хорот „Viva Vox“.
Во овој момент продадени се околу 40 илјади карти за секој ден од фестивалот, а тврдината собира 50 илјади посетители што значи дека има уште карти. Најбројни се гостите од Холандија и Грција, како и од земјите од регионот.
Сѐ за фестивалот прочитајте на официјалната страна www.exitfest.org