Вкупно 257 анимирани филмови, од вкупно 50 земји во светот ќе се најдат на третото издание на македонскиот меѓународен фестивал на анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ чиј организатор е Аурипигмент Продукција, кој ќе започне денеска и ќе трае наредните три дена.
Меѓу земјите кои учевствуваат се наоѓаат Бразил, Аргентина, САД, Велика Британија, Индонезија, Јапонија, Австралија .
Во официјалната конкуренција за возрасни, во трката за главна награда „Златна Тула“ влегоа 54 филмови, од 28 земји од светот.
[youtube]http://youtu.be/CGKRV3e8cpU[/youtube]
Годинава се пријавија 25 филмови за деца, од кои 7 влегоа во официјалната програма за деца и истите се синхронизирани на македонски јазик.
Македонските филмови кои се пријавија на овогодишното издание се:
-„Кружно патување на сенката“ на авторот Жарко Иванов
-„Алерик“ на авторот Вук Митевски
-„Зевање (или животот накратко)“ на авторот Ице Виранов.
Повеќе за настанот и програмата можете да видите на следниот линк.