Една од најуспешните поп пејачки денес е позната по нејзината насмевка, но и по русата коса.
Сепак, многу се промени од своите почетоци на музичката сцена, па на старите фотографии изгледа непрепознатливо!
Шакира се смета за една од најпосакуваните жени во светот, а во младоста изгледала сосема поинаку.
Иако сме навикнати да ја знаеме како русокоса, Шакира (38) во текот на дваесеттите години била бринета.
Потсетуваме, Шакира сега е мајка на две деца и е во среќен брак. Пејачката и шпанскиот фудбалер Жерар Пике (28) се во врска од 2010 година.
Тие се запознаа кога фудбалерот се појави во нејзиниот спот за песната „Waka Waka” која беше и официјална химна на Светското првенство во фудбал во Африка, истата година.
Овој славен пар има два сина Милан и Саша.