Минатата недела пејачката беше пронајдена во несвесна состојба и предозирана, но уште не признава што земала. Нејзиниот живот бил на самиот раб, а пријателите и телохранителот се плашеле дека брзата помош нема да стигне навреме.
Деми Ловато се уште се наоѓа во болница, бидејќи во меѓувреме се искомплицира нејзината здравствена состојба и таа имаше неколку дена висока температура. Меѓутоа, пејачката уште нема одговорено со каква дрога се предозирала за толку опасно да си го загрози животот.
Сепак, се согласила дека откако ќе излезе од болница, повторно ќе замине на рехабилитација. Претходно таа издржа да биде чиста и да не пие и не зема дрога цели шест години, по што повторно се врати на своите пороци.
Нејзините блиски се плашат дека ако уште еднаш се врати на стариот начин на живот, тоа може да биде кобно за пејачката.