„Го сокривав било каде, го криев во авион, чекав сите да заспијат, а потоа одев во тоалет и таму го конзумирав“ – се исповедала младата пејачка Деми Ловато (21) .Таа во исповед за своите обожаватели вели дека не можела да издржи ни половина час без кокаин, во периодот кога била зависна од дрога и алкохол.
Иако многу млада, таа веќе напиша и мемоари „Staying Strong: 365 Days a Year“, кои беаобјавени минатиот месец.
Успеала да се спасо со огромна помош од семејството, што на крајот довело до цврста семејна врска.
„Горда сум на неа, и тоа ме прави среќна“ – заклучува мајката на Деми.