Декадата Меркел

Вчера 22 ноември, канцеларката на Германија Ангела Меркел ја прослави 10-тата година на власт – откако го презеде управувањето со земјата,  совладувајќи искушенија како грчкиот банкрот, економските превирања и социјални кризи. 

меркел

Нејзината прва деценија ќе се запамети со враќањето на Берлин на светската сцена, откажувањето од нуклеарната енергија, визијата за зајакнувањето на европската интеграција и т.н. “Политика на стегање на ременот”. Германија остана еден од најголемите донатори на мисијата на НАТО во Авганистан, но се воздржа од зголемување на воената тежина или присуство во други земји.

Во последниве месеци Меркел се соочува со сериозна опозиција како во коалицијата, така и во својата партија – ХДЗ, поради прифаќањето на сириските бегалци – околу 800 000 според планот. И покрај падот на јавната поддршка, иако противречностите и растечките исламофобски и ксенофобични движења во Германија, Меркел е репер за лидер, не само на својата држава, туку и во целиот свет.

61-годишната Меркел продолжува да биде енигма. Таа е принципиелна, но исто така непредвидлива. Тврдокорна, но мека кога е потребно.

Според магазинот Forbes таа е највлијателната жена во светот.

Во 2007 година, за време на нејзиното гостување во Москва, Меркел беше пречекана од рускиот лидер Владимир Путин, заедно со неговите кучиња, кој знаел дека таа се плаши од кучиња. Претстоеше официјална прес-конференција, а Меркел беше вознемирена.

Таа сепак успева да го совлада стравот, а потоа ја коментираше случката вака: “Разбирам зошто му требаше да го направи тоа – да покаже дека е маж. Тој се плаши од сопствената слабост. Русија нема ниту успешна политика, ниту успешна економија. Го имаат само него “.

Лани токму Меркел беше меѓу главните застапници на Москва да бидат наметнати економски санкции поради војната во Украина.

За себе вели дека е повеќе човек кој решава проблеми, отколку светски лидер. Надворешната политика во голема мера е во согласност со внатрешните чувства, можеби единствен исклучок е грчката криза, кога Меркел и Алексис Ципрас постигнаа тежок, но клучен компромис за иднината на Европската унија.

Германија во моментов е нешто како сидро за Еврозоната – валутниот сојуз наиде на бурни води со опасноста од банкрот на Грција и желбата на СИРИЗА да ја замени единствената валута со драхмата. Ова требаше да нанесе силен удар врз еврото, а тогаш Меркел интервенираше, иако цела Грција ја мразеше и ја нарекуваше “Ќерката на Хитлер”, а Ципрас да одби да преговара со неа.

Кога Меркел дојде на власт во 2005-та година, Германија беше прилично слабо алка во Еврозоната. Невработеноста во тоа време бележеше нивоа од 11 отсто или од околу 5 милиони луѓе, а растот на БДП почнуваше да цвета. 10 години подоцна без егзистенција се двапати помалку луѓе, а германската економија личи на моќна и добро подмачкана машина.

Личното убедување на Меркел е дека треба германската економија да се ориентира кон извоз за Кина  и денес зазема четвртата позиција.

 

- Реклама -