Тие се познавале уште од 1970-та година.
Во понеделникот, Дејвид Летерман издвои 10 минути од неговото шоу за да оддаде почит на неговиот долгогодишен пријател и колега Робин Вилијамс, кој почина минатата недела, одземајќи си го животот.
Во клипот, водителот на „Late Show“ се потсетува за првата средба со Робин во 1970-тите години, кога и двајцата биле млади комичари обидувајќи се да се пробијат во бизнисот. Летерман се сеќава дека талентот на Вилијамс бил толку застрашувачки за другите комичари што „не му пристапувавме затоа што се плашевме од него.“
Подоцна, Вилијамс му понудил на Летерман да биде гостин во сериајта „Mork & Mindy“, и откога Летерман станал водител на „Late Show“, Вилијамс се појавил како негов гостин повеќе од 50 пати. Целото видео вреди да се изгледа, но последните две минути кои содржат монтажа од најдобрите моменти на Робин Вилијамс во тоа шоу, се особено емоционални.