Се чини дека поранешниот фудбалер, Дејвид Бекам (38), не може да ѝ одолее на малата ќерка Харпер па одлучи да ја задоволи со еден скап подарок. Овој пат нарачал и ѝ купил слика, од контроверзниот уметник Демијан Хирст, чија вредност се проценува на 600.000 фунти, за градинката која ја посетува малата Харпер.
Делото со наслов „Татина ќерка“ (Daddy’s Girl), пренесено е минатата недела, во 40 милиони вредниот дом на Бекамови во Кенсингтон.
Делото било нарачано уште пред две години, пред раѓањето на Харпер. Фотографијата во облик на срце, на која има пеперутки, по која Харпер е препознатлива, е слична е на сликата на овој уметник која ја купија Бекамови во 2011 година за повеќе од 600.000 фунти.
Демијан Хирст е британски уметник од Бристол, познат по својата ексцентричност, а најпознат е по чување на животни во формалдехид и човечки черепи обложени со дијаманти.
Во домот на Бекамови веќе се наоѓаат барем три слики од овој познат уметник како и уште неколку негови дела.
Погледнете го тато Дејвид со неговата миленица на ревијата на Викторија во Њујорк: