Дејвид Бекам конечно ја откри тајната на витката линија на неговата сопруга Викторија.
Славниот фудбалер го откри нејзиниот секојдневен ритуал поради кој модната икона секогаш е во одлична форма.
„Со оглед на тоа дека сум спортист, отсекогаш сум активен и фит, а љубовта кон спортот им ја пренесов и на моите деца. Мислам дека е важно родителите така да влијаат на децата, не за да станат спортисти, туку затоа што е важно да се занимваат со спорт за да бидат здрави и за да научат здраво да се исхрануваат“, рекол Бекам за Sky News.
Во таа прилика ја открил и тајната на витката линија на својата сопруга Викторија.
„Станува во 6.30 секое утро за да оди на трчање. Затоа е фит“, признал Дејвид, додавајќи дека неговите три сина и ќерка исто така одат по нивните стапки затоа што сакаат спорт и престој на сонце.