Дејвид Бекам мисли дека овие момци се згодни

Дејвид Бекам откри кого би избрал да го толкува неговиот лик, доколку биде направен филм за него,  и тоа само поради тоа што се згодни.Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам изјави дека би го избрал Бред Пит за неговиот лик во филм.

– Бред и Леонардо ди Каприо, или можеби Бредли Купер. Сите тие се згодни дечки, додава тој.

bred bredli i leonardo.jpg

Во интервјутоа тој говорел за своето повлекување од професионалниот фудбал, наведувајќи дека прилично добро се снаоѓа во пензија.

– Не е лесно да се повлечете и да направите нешто што сакате, но јас имам многу нешта подготвено за денот кога ќе престанам да играм. Тоа е важно. Имам голема фамилија, четири деца за кои трчам наоколу. Се уште немав можност да почувствувам недостиг на играта. додава тој.

- Реклама -