Дејвид Бекам откри кого би избрал да го толкува неговиот лик, доколку биде направен филм за него, и тоа само поради тоа што се згодни.Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам изјави дека би го избрал Бред Пит за неговиот лик во филм.
– Бред и Леонардо ди Каприо, или можеби Бредли Купер. Сите тие се згодни дечки, додава тој.
Во интервјутоа тој говорел за своето повлекување од професионалниот фудбал, наведувајќи дека прилично добро се снаоѓа во пензија.
– Не е лесно да се повлечете и да направите нешто што сакате, но јас имам многу нешта подготвено за денот кога ќе престанам да играм. Тоа е важно. Имам голема фамилија, четири деца за кои трчам наоколу. Се уште немав можност да почувствувам недостиг на играта. додава тој.