Популарниот фудбалер Дејвид Бекам ќе се приклучи на Сер Дејвид Џејсон и Николас Линдурсту во едеб скеч која ќе се емитува како дел од добротворниот настан “Sport Relief”.
Тие тројца се појавуваат во оригиналното кафуле во кое се снимале легендарните епизоди од оваа серија, а актерите се дури и облечени во истата облека во која ја снимале серијата (серијата е започната со снимање во далечната 1981-ва година). Скечот ќе се емитува во петок, 21-ви март, откако е снимен претходно овој месец.
Ова ќе биде прва епизода на “Only Fools and Horses characters” од 2004-та година кога и официјално се пензионирала серијата, и ќе се воведе еден вид на загревање за специјалната епизода која ќе се снима во чест на покојниот сценарист на овој проект, Џон Саливана.
Во овој скеч нема да се појават никој од останатите главни актери од серијата, која е снимена само неколку дена пред смртта на Роџер Лојд Пак, кој ја играл улогата Тигар.