Додека сеуште не спласнала еуфоријата меѓу фановите на „Војна на ѕвездите“ од објавата дека се подготвуваат три нови филмови, следат уште добри вести. Најавени се продолженија кои нема да ја следат главната приказна. Сега љубителите не само што ќе можат да се радуваат очекувајќи ја Епизода 7, прва од трите најавени продолженија на франшизата, туку со нетрпение ќе можат да ги очекуваат и самостојните филмови на некои од култните ликови. „Дизни“, кој ги откупи минатата година филмовите за 4 милијарди долари, планира да направи малку поинакви продолженија базирани на карактерите од светот на „Војна на ѕвездите“.
Директорот на „Дизни“, Боб Игер, потврди дека гласините за снимањето на поединечни филмски продолженија се вистинити, и дека работат на неколку наслови кои не се дел од авантурата.
Тој воедно изјавил дека Епизодите VII, VIII i IX ќе бидат завршени во текот на наредните шест години, почнувајќи од 2015-та, како и дека поединечните филмови ќе бидат истовремено снимани. Тој исто така најавил дека на сценариото ќе работат Сајмон Киндберг и легендарниот Лари Касдан.
На социјалните мрежи веднаш започна да се шпекулира кои ликови ќе добијат свој филм. Боба Фет е фаворит на многу фанови, а веднаш зад него се најде Јода.
[youtube]http://youtu.be/9gvqpFbRKtQ[/youtube]