Откако одекна информацијата дека Марко Јариќ и Адријана Лима се разведуваат, следуваа бројни шпекулации околу причината.
Но, иако сите вела дека таа е преубава за него, можеби тој не мислел така.
Најновото е дека Марко ја изневерил Лима до друга жена, па затоа веќе размислуваат да стават крај на овој брак.
Лима ги помина празниците со своите деца далеку од Јариќ. На нејзиниот профил на Инстаграм таа објави фотографија од атмосферата, ап сите веднаш започнаа да прашуваат каде е Марко, а под фотографијата има коментар од познаничка Лима која напишала:
-Марко може да оди по ѓаволите кога можеше да биде со друга жена покрај сопруга како Адријана. Според неа, Марко ја изневерил Лима и тоа два пати до сега.
Истото го вели и блиска пријателка на Лима која сака да остане анонимна, а ја открива нејзината исповед:
-Еднаш преминав преку неверство, втор пат нема, и се пожалила Адријана.