Дечкото на Лорди: Како е да се забавуваш со позната девојка

Фотографот Џејмс Лов напишал на својот блог за тоа како се чувствува како дечко на познатата пејачка Лорди.
– Мојот живот е сосема различен сега иако од внатре делува скоро исто- го започнува текстот Џејмс.

Во својот блог опишува како се бори со далечината кога неговата поубава половина оди на турнеи и се раздвоени.

– Таа освои Греми награда два пати, дома донесе и Брит награда. Сега е на турнеја, на спротивната страна на светот од мене. Колку и да ми недостига, никогаш не сум бил вака горд како сега- ги споделил своите чувства кои ги има додека е осамен и чека девојката да му се врати од турнејата.

Screenshot_1

Иако ја поддржува нејзината работа и кариера, за жал, на „своја кожа“ морал да ја осети и негативната страна на популарноста.

Врската на Џејмс и Лорди прв пат патела од популарноста кога на интернет жестоко ги нападнале со расистички коментари поради нивните фотографии.

- Реклама -