Дебелите миленици страдале од синдромот Бриџит Џонс

 

Кучињата и мачките исто така го користат јадењето како механизам за справување со силните емоции.Тоа значи дека животните кои јадат премногу  или се  лакоми, најверојатно страдаат од емоционално растројство.

До овој заклучок дојдоа американски ветеринари, според кои зголемениот апетите  на миленичињата  е симптом за емоционално јадење. Со него животните се обидуваат да го смират чувството за несреќа и стрес, категорични се научниците.

Слично на истоимената хероина, која наоѓа утеха од животните неуспеси во храната, кучињата и мачките исто така го користат ова средство  како механизам за справување со силните емоции, тврди д-р Френклин Макмилан од ветеринарниот колеџ во Калифорнија.

Научниците ги повикуваат сите сопственици на  дебели миленици не само да го сменат режимот на нивната исхрана и движење, туку  и да се обидат да се справат со  емоционалните проблеми кои ги  мачат .

 

 

- Реклама -