Во тие моменти доживеал светска слава и имал одлични понуди од неколку светски гиганти но тој се одлучува да стане нов член на Интер Милано. Но за жал во миланскиот гигант повеќе ќе добие репутација на личност за која се интересираат папараците и комерцијалните компании. Тука била ставена кочница во неговата кариера. По неуспешната одисеја во Интер Милано преминал во уште неколку европски клубови како Локомотив Лајпциг, Фортуна Диселдорф и ФК Сион кога во 1997 година на 32 години ја завршил својата кариера.