Со прикажувањето на одлични голгетерски способности му се отворил нов хоризонт кон неговата кариера и тоа во гигантот Црвена звезда каде што настапил четири години. Добил златна копачка за најдобар напаѓач во Европа со 34 постигнати гола и на црвено-белите, а воедно дал голем придонес за освојување на лигата на европските шампиони во 1991 година.