Дарко Панчев е роден на 7 септември 1965 година во Скопје, а денес претставува еден од најголемите македонски фудбалери на сите времиња. Своите фудбалски почетоци ги бележи во ФК Вардар Скопје во младинската школа на истоимениот клуб. Уште на самиот почеток од својата фудбалска кариера ги изразил своите напаѓачки атрибути. Од 1982 до 1988 година играл за својот матичен клуб.