Според фотографиите, за време на снимањето на новиот спот на Џенифер Лопез било лудо и незаборавно!
Разнобоен огномет, разиграна екипа, пејачи и костумизирани карневалски бразилки… тоа се само дел од атмосферата од новиот спот кој беше снимен во Мајами од Џенифер Лопез, Пит Бул и Клаудиа Леит.
Судејќи по фотографиите, новата навивачка песна ќе биде загарантиран хит, бидејќи дури од сега носи насмевка на лицата! Всушност станува збор за новата песна за светското првенство во фудбал и се вика ‘We Are One (Ola Ola)’.
44- годишната пејачка ѕвезда носи секси комбинација кое изобилува од бои и дезени, а ги нагласува нејзините адути- стегнатите нозе и задник. А додека ние го видиме и самиот спот, погледнете како изгледало снимањето на истиот.