Латино пејачката Џенифер Лопез секогаш зрачи со сексипил, а на настапите секогаш приредува незаборавни секси спектакли.
Но, за отворањето на продавницата Viva Movil во Бруклин се облече во бел и воопшто не провокативен фустан. Сепак, зрачеше.
Белиот фустан во ретро стил со чипкасти детали може да го замислиме само во орманите на нашите баби. Ракави малку над лактите, должина под колената – малку необично за Џеј Ло, но сосема убаво.