Формулата на анимираните филмови на Дизни ни е веќе одамна добро позната. Момчето ја запознава девојката, ја спасува, и живеат среќно засекогаш. Тоа е тоа. Сепак, YouTube корисникот именуван како „Paint“ едноставно не можеше да одолее а да не ја уништи оваа клише приказна, па реши да си направи сопствена верзија на продолженијата на приказните од цртаните филмови.