Дали Мајли го сруши рекордот за најглупава тетоважа?

Конкуренцијата за апсурдни тетоважи меѓу славните е голема. Почнувајќи од гломазната тетоважа на Шерил Кол, клише поезијата низ телото на Меган Фокс, Џони Деп и неговата „Винона засекогаш“ (која можеби била кул во 90-те), сите тетоважи на Џастин Бибер итн…

Сепак, Мајли Сајрус успеа уште еднаш да застане на тронот, овој пат за најглупава тетоважа.

Имено, таа на внатрешноста на нејзината уста истетовира емотикон од „емо“ тигар кој плаче. Настрана што самата тетоважа не изгледа воопшто привлечно, делува и по малку патетично.

Сета среќа што ваквите тетоважи траат најмногу до 5 години, па нема засекогаш да остане на нејзините усни.

Во галеријата подолу можете да ги погледнете и останатите тетоважи на Мајли Сајрус.

17389010335325635677aeb439482291_orig