Миди здолништата кои во 60-тите години во Америка ги прослави Феј Данавеј во „Бони и Клајд“ повторно се во мода. Побарувачката за нив расте, па претстојното лето ќе биде во знакот на нив.
Доколку се одлучите за ваков модел на здолниште бидете внимателни при комбинирањето. Со него не се препорачуваат апостолки, затворени чевли и чизми. Треба да ги носите со салонки со ниска потпетица. Експертите истакнуваат да се избегнуваат здолништа од тврд материјал.Во изборот на дезени избегнувајте ги шарените.
Што е тоа миди здолниште?
Постојат различни мислења за тоа колкава треба да биде должината на миди здолништата. Најчесто се истакнува дека нивната должина варира од средината на листовите до средината на колената.
Уште попрецизно објаснување има блогерката на „Дејли Мејл“ Лиз Џонс која вели дека миди здолништето е до под колената, поточно до точката каде што листот е најдебел. За разлика од мини здолништата во него жените изгледаат и елегантно и спортски и не откриваат премногу.