Запознајте ја принцезата Салва Ага Кан.
Кендра Спирс (25), односно принцезата Салва Ага Кан, која минатиот септември се омажила за принцот Рахим Ага Кан, син на британскиот милијардер Ага Кан, не се откажува од манекенската кариера. Таа со манекенството се занимавала пред да страпи во брак и понатаму ѝ е важен дел од животот.
Оваа принцеза е родена во Сиетл. Минатогодишната муслимаснка церемонија во Женева станала дел од познатата империја на Кан. Привлекува големо внимание на медиумите, па како Војвотката од Кембриџ успеа да ги освои симпатиите на јавноста.
Иако е со благородна титула, нејзиниот живот многу се разликува од животот на Кејт Мидлтон.
Сопругот на Кендра Спирс, принцот Рахим Ага Кан, по дипломирањето на Универзитетот “Braun” и “Navarra Business School” во Барселона, тој се приклучил на бизнисот на неговиот татко.
Ага Кан, свекорот на Кендра, освен милијардерската банкарска сметка, познат е и по својата добротворна работа и со тоа ја завзема позицијата на имамот на Исмаили муслимани, што му ја донело титулата Неговото Височество Принцот Карим Ага Кан IV.
Пред бракот со Рахим, Кендра посетувала мастер студии по социологија на Универзитетот “Вашингтон“. Пред шест години учествувала во изборот за Форд супермодел на светот. Била и дел од кампањите на бројни модни брендови, “Келвин Клајн“, “Шанел“, “Ив Сен Лорен“ и многу други.
Ни како принцеза не се откажува од модата, па минатата година се појавила во шпанскиот “Вог“, а учествувала и во новата кампања на “Армани“ и “Москин“.
Кендра предизвикува бројни позитивни коментари и реакции поради својот изглед и стил.