Дали Кејт Хадсон конечно ќе се омажи?

Дали триесетидвегодишната актерка после двегодишната веридба со фронтменот на британската група Muse, Метју Белами, е конечно подготвена да го каже судбоносното да? Во разговор за „E!“ Кејт Хадсон сепак открила дека ќе почекаме уште некое време пред тие двајца да се венчаат.

„Тој во моментов е на светска турнеја, а и јас постојано работам, така што кога и да сме заедно се обидуваме нешто да испланираме“, кажала актерката.

a

Иако се верија пред околу две години, двајцата и понатаму сметаат дека самиот чин на венчање е многу значаен.

Инаку, Кејт се вери со Метју во април 2011 година, а во јули истата добија и син. Кејт го има и двегодишниот син Рајдер, од предходниот брак со Крис Робинсон.

- Реклама -