Ретко на кого не му се допаѓа пире од компири, но кој знае како да приготви меко пире, без грутки, со совршена конзистентност и сооднос? Доколку пирето ви се претвори во леплива смеса или баш нема вкус, време е да се запознаете со десетте најчести грешки и како да ги избегнете во подготовката.
1. Грешка: Користите погрешен вид на компир
Со оглед на врстата, компирите во готвењето можат да се поделат на три вида: тврди сорти кои не се омекнуваат и се сечат лесно, средно тврди, уште релативно тврди, и меки кои омекнуваат и распаѓаат лесно. Најдобар избор за пире се средно тврдите компири , бидејќи тие имаат повеќе скроб па ќе бидат повеќе кремасти.
2. Грешка: Ги сечете на различни парчиња
Доколку го исечете компирот на нееднакви парчиња, тогаш нема рамномерно да се зготват и поголемите парчиња нема да бидат доволно меки, а помалите распаднати. На тој начин никогаш нема да добиете совршено кремасто пире. Затоа подеднакво исечете ги компирите, ставете ги во ладна вода, нека зовријат и нека вријат додека подеднакво не омекнат.
3. Грешка: Презготвен или недоволно зготвен компир
Презготвениот компир е блед и прилично невкусен. Недоволно готвениот компир е пак премногу зрнест и од него тешко се добива мазно пире. Совршено зготвениот компир ќе го познаете по тоа што со оштар нож глатко ќе поминете низ него.
4. Грешка: Користете мискер, мешалка
Важно е да знаете дека компирот е богат со скроб, што значи дека не треба премногу да се миксира и гмечи. Доколку користите мискер или блендер, скробот ќе се згусне и се претвара во леплива смеса.
5. Грешка: Премногу го гмечите компирот
Дури и рачно да го гмечите, може да претерате во тоа. Кога ќе додадете млеко, павлака или путер, се промешува нежно додека состојките не се соединат.
6. Грешка: Користите ладно масло, млеко или крем
Ако ги ставите на собна температура, подобро ќе се смешаат со компирот, а воедно ќе спреши премногу гмечење на компирот.
7. Грешка: Ставате премногу течност
Можете да додадете малку крем или млеко, но мора да внимавате на количината , не сакате да добиете супа од компири, наместо пире.
8. Грешка: Не сте додале доволно путер
Познатиот рецепт за пире од компири на Џоел Робучон вели дека компирите и маслото треба да се стави во сооднос еден спрема два. Ако не сте задоволни со вкусот на пирето, не сте внимавале на копичината.
9. Грешка: Не сте доделе доволно сол
И најдобро изгмечениот компир, со совршена количина масло, и понатаму ќе биде лоша смеса ако не додадете сол.
10. Грешка: Го сушите пирето
Тоа е во ред, иако не баш препорачливо. Но, бидејќи не е добро да се служи ладно, ќе треба да го загреете а со тоа да внимавате да не го изгорите. Постојат два начина за ова: да го ставите врз тенџере со зовриена вода или само додајте зовриено млеко.