Актерката која некогаш пленеше со својата убавина сега ретко кој може да ја препознае. Лицето ѝ е уништено од бројните пластични операции и воопшто не личи на себе.
Беше позната како жената која го заведе Џек Николсон кога беше двојно постар од неа. Како што избледе сеќавањето на нивната врска, така исчезна и убавината која ја прослави Лара Флин Бојл.
Некогаш една од најпосакуваните жени во Холивуд, 43-годишната актерка се појави во вторникот на 20-годишнината од филмот „Wayne’s World“ и ги шокираше сите со нејзиниот изглед.
Нејзинотo лице е сосема уништено од бројните пластични операции. На црвениот килим во Лос Анџелес се чинеше дека Лара не беше свесна за тој факт додека позираше со колегите кои ги покажаа трагите од времето на лицето, но примерни за нивната возраст, за разлика од актерката која во 90-тите важеше за секс бомба.