Некогаш важеше за еден од најпосакуваните мажи во светот. Вистинска секс бомба која беше неостварен сон на речиси сите девојки, бидејќи тој се состануваше исклучиво со супер модели. Но дека времето ги гази сите е доказ и 51-годишната рок легенда Аксел Роуз, фронтменот на „Guns N’ Roses“. Тој покажа дека не оставил ниту трага од некогашната одлична фигура, ниту пак од младото и негувано лице. Видно запустениот пејач прошета низ улиците на Њујорк во неделата, кога воедно беше уловен од папараците.