Најскапоценото јајце на светот е откриено за време на католичкиот Велигден, но ќе треба да бидете милијардер за да поседувате едно вакво екстравагантно јајце.
Помеѓу Фабреже јајцата и Демијан Хирс черепот, „Мираж“ е единствен скапоцен камен кој само најбогатите можат да си го дозволат.
Неверојатниот украс има повеќе од 1000 дијаманти на надворешната „школка“- во вредност од 1.5 милиони фунти, од кои 100 се уникатно сечени.
Јајцето покриено со дијаманти се отвара за да го открие раскошниот глобус, рачно направен во 18-каратно злато.
Врвот на глобусот се крева за да открие деликатен кристален гулаб, на златна маслинова гранка.
За „Мираж“ биле потребни три години да се направи, од елитни занаетчии од три континенти.
Приватниот сопственик на јајцето нема намера да го продаде, но г-дин Домингез верува дека ако некој понуди „повеќе милиони“ би можеле да постигнат договор.
Специјалистот за јајца Домингез, мисли дека „Мираж“ е едно од највредните скапоцени украси некогаш направени.