„И дадов дрога, а потоа ја силував“: Признанието на холивудската ѕвезда го шокираше светот

„Дојде зад сцената, а јас и дадов седативи. Имавме секс, беше прилично пасивна“, раскажа Бил Козби.

Досега неколку жени го осудија прочуениот комичар Бил Козби за силување, но сега за прв пат се појавија судски документи кои покажуваат дека познатиот актер признал дека дрогирал и злоставувал барем една жена.

Како што наведуваат светските агенции, во документите за судење на Козби од 2005 година, актерот изјавил дека на извесна Андреа Констанд, службеничка на Универзитетот „Temple” и дал три седативи, а потоа имал секс со неа.

Ова е само дел од приказната во која речиси 40 жени во претходните четири децении го обвинија Козби за силување, меѓутоа, тој никогаш не заврши во затвор бидејќи сите процеси се окончаа со вонсудска спогодба.

Прочитајте и:  Затвор за сите 13 обвинети од „велешката група“ за сексуална злоупотреба на малолетничка

Се започна во далечната 1977 годихна, кога танчерка во Лас Вегас го нарече актерот монструозен и им раскажа на медиумите како ја злоставувал.

Меѓутоа, сега за прв пат можеме да слушнеме што вели Козби за овој случај.

„ Ја запознав во Лас Вегас. Дојде во бекстејџот, а јас и дадов седативи. Имавме секс, беше прилично пасивна, но имаше симпатична личност. Што се однесува до мене, беше добро воспитана, и не се однесуваше како да е подобра од останатите. Мислам дека беше  многу среќна што се најде во тоа опкружување“, изјавил Козби на суд, во врска со овој спор.

- Реклама -