Да не претера со ботоксот?

Таа признава дека е зависничка од ботокс, но зарем не сметате дека Кортни Кокс веќе одамна ја помина границата меѓу вкусот и невкусот? 49-годишната актерка, која се прослави со улогата на Моника од „Пријатели“ едноставно не може да се помири со годините. Имено, на сетот за нејзиниот нов филм „Hello I Must be Going“, Кортни беше уловена во издание кое не наликува воопшто на неа, по што нејзините фанови незадоволно започнаа да коментираат дека таа воопшто не изгледа природно и дека можеби е време да се откаже од ботоксот пред да стане уште една од ѕвездите кои целосно си го уништија изгледот. Погледнете ги фотографиите и кажете ни што мислите вие?

article-2359676-1ABB1489000005DC-368_634x603

- Реклама -