Да не бев црнец сигурно ќе добиев десетка… абе ајде

Еден дух талка низ кампусот на американските универзитети, оној на политичката коректност доведена до крајност.

political-correctness

Отворете неколку сериозни и влијателни изданија од рангот на Atlantic, American Interest, New Yorker и ќе забележите вистински хаос од изрази. При тоа недостасува традиционалната поделба на леви и десни медиуми, бидејќи најкритички поставено е најлибералното списание Atlantic. Во септември истото излезе со тема на бројот “Внимавај што зборуваш! Како политичката коректност го уништува образованието”.

Помалку сериозните изданија директно ги критикуваат денешните студенти како разгалени и глупави деца кои го мешаат Универзитетот со градинката. Всушност, ако сте просечен читател, може и да не дознаете за што станува збор.

Students-in-school-classroom-Shutterstock-800x430

Некои од приказните се директно апсурдни

Како на пример – петиција на Харвард да не се откажувате од студиите. Дискутирани истрагата и казната за силување. Зошто дополнително да ги трауматизирате евентуалните жртви во салата, и тоа, пред очите на сите?

Или протест во Јеил против професорката што се осмели да напише писмо дека костимите за Ноќта не треба да се сфаќаат толку сериозно. Особено шокантно беше видеото во кое студентка викна кон сопругот на предметната професорка (исто професор) дека нивната работа не била да создаваат интелектуална средина, туку “дом и пријатна атмосфера за учениците”.

За да избегнат скандали и петиции, се повеќе универзитети го применуваат правилото професорите да ги предупредуваат учениците ако треба да читаат книги со провокативни идеи или насилство.

Со “Големиот Гетсби” на Френсис Скот Фицџералд нема шега. Ова ремек дело често им припаѓа на „црните листи“ поради сексизам и непристојни заговори.

student_test_taking

Американската младина во принцип е побучна отколку која и да е друга во светот.

Како секој кој поминал низ американските кампуси во последниве години, исто така имам судир со крајна политичка коректност, иако не и фронтална.

Менторството за време на магистерските студии ми се водеше кај добро познат писател-историчар, автор на неколку успешни книги. Иако интелектуално брилијантен, тој беше исто циничен, а сарказмот му удираше директно преку лицето како камшик. Со секој нареден час гневот му стануваше очигледен, главно бидејќи навистина ги читаше и уредуваше нашите трудови, понекогаш до три часа во текот на ноќта. Затоа не можеше да издржи дека и покрај сите негови напори, учениците не покажуваат значителен напредок.

Кон крајот на семестарот попушти со нервите и ја нарече на е-мејл другата помала група – zipperheads.

Во овој случај поентата беше дека се идиоти, но зборот има негативна конотација, бидејќи со неа американските војници ги омаловажувале и понижувале Азијците за време на Корејската и Виетнамската војна. Следуваше петиција за отстранување на професорот како расист.

Фино е да се знае дека од устата на реномиран професот таков збор е неприфатлив. Во овој случај одлуката на универзитетот да го принуди да се извини јавно на учениците, беше според мене, вистинското решение.

Додека течеше процедурата сепак, не можев да избегам од чувството дека во овој случај политичката коректност беше користена како оружје, бидејќи не можат да му одговорат интелектуално.

Наместо да помислат што да прашаат и да научат од еден искусен писател, навредените студенти беа фокусирани на оценките. Едно од главните барања на петицијата беше отстранувањето на предметниот професор и ревизија на напишаните оценки. За среќа, здравиот разум победи и покрај извинувањето, немаше други санкции.

schoolfight

За да разбереме како се доаѓа до слични апсурдни ситуации, треба да сфатиме дека станува збор за неколку паралелни феномени.

Денешните млади и припаѓаат на генерација која е многу поблиска со своите родители од претходните. Ова има многу позитивни страни – од многуте заеднички спомени до заемна помош и неотповиклива поддршка во модерниот брз свет.

Од друга страна, доста родители го загубија чувството за граница на нивното учество во животот на децата. Општеството исто така не помага ако постојано ја импутира вината.

Резултатот, според анализа на детскиот психолог Питер Греј во Psychology Today, е израсната генерација која во најголем дел ретко била оставена физички и интелектуално сама. Многу од денешните млади не знаат што значи да ги решаваат сами своите проблеми, не знаат што е неуспех и како да се справат со него, како да одговорат кога се конфронтираат.

Тие ги прифаќаат конфликтите како трагедии, а паднатиот испит како крај на животот.

Во последните децении, сепак политичката коректност се повеќе се фокусира на т.н. микроагресии. Тоа се малите секојдневни навреди (“женска работа”, “работам како циган”). Како што тврди теоријата, тие се акумулираат и ја тераат предметната група во нерамноправна положба да се чувствува неспособна да го најде своето место во општеството. Соодветно микроагресиите треба да бидат пресечени веднаш, пред да доведат до поголеми последици.

Катастрофичното размислување доведе по себе т.н. “култура на жртвата”, каде секој лошо сметан збор се зема премногу сериозно. Грешникот вербално и онлајн го распнуваат на крст за да служи како пример на општеството.

students_studying_in_library

Во денешно време навредите се претвораат во неподносливи трауми за целиот живот, а не во мотив да го докажеш спротивното. Секој поослободен професор од стереотипи е заплашуван да биде стигматизиран како расист или женомразец.

Светот во кој живееме, сепак е комплексен. Големите умови не се секогаш совршени човечки суштества, но тоа не би требало да не спречи да го земеме најдоброто од нив, знаењето.

Должност на Универзитетите е да бидат автономни и лишени од предрасуди и ограничувања.

Ако во четирите години на клупата младите не се судираат со провокативни мисли и зборови, тогаш кога? Бидејќи вистинскиот свет надвор е циничен, неправеден и суров за разлика од политички коректниот професор.

/В.Е.

- Реклама -