Облаците биле извор на чудење низ годините.
Всушност, првиот писмен запис на луѓе кои разговараат за облаците доаѓа од уште во 3000 п.н.е.
Еден облак може да изгледа како 500 различни работи во зависност од тоа кој гледа во него и од каков агол. Облаците можат да личат на птица, срце, или можеби на ангелските крилја.
Но, што е облакот навистина?
Тој е видлива маса на кондензирани капки или замрзнати кристали во атмосферата над површината од Земјата или некое друго планетaрно тело. Гранката од метеорологијата која се занимава со проучување на облаците се нарекува нефологија.
На Земјата кондензираната материја всушност е водена пареа, која формира мали капки или кристали на мраз, најчесто со големина на дијаметарот од 0.01 mm. Групирани милијарди капки односно кристали формираат облак, кој е видлив објект во атмосферата.
Овие слики во продолжение на креативен начин ги поврзуваат луѓето и облаците. Одличен спој на уметноста и човековата желба да посегне по нив. Впрочем во креативниот свет нема нешто невозможно.