Книга: „Тајниот јазик на цвеќињата“

Заборавениот викторијански јазик на цвеќињата се употребувал за да се пренесе романтична порака: анамска рака за посветеност, митровденче за трпение, црвена роза за љубов. Но Викторија Џонс го применува за да искаже поинакви чувства: недоверба, огорченост и самотија.

По детството поминато во системот за деца без родители, таа е неспособна да се зближи со никого и комуницира со светот само преку цвеќињата и нивното значење.

Штом навршува осумнаесет години и се осамостојува, без работа и без покрив над главата, Викторија сфаќа дека има дарба да им помага на другите со цвеќињата што ќе им ги одбере. Но, неочекуваната средба со еден мистериозен трговец со цвеќиња ја тера да се запраша што ѝ недостига во животот. Принудена да се соочи со болната тајна на своето минато, ќе успее ли таа да ја препознае втората шанса за среќа?

Во својот трогателен и елегантно напишан роман, Ванеса Дифенбо на прекрасен начин ги преплетува минатото и сегашноста, создавајќи јасен портрет на една незаборавна жена чија дарба за цвеќињата ѝ помага да ги смени туѓите животи додека се бори да го надмине своето мачно минато.

„Тајниот јазик на цвеќињата е трогателно сведоштво за многуте тајни што ги крие човековото срце.“ – Буклист

Повеќе информации за книгата ќе најдете на веб-страницата на Издавачкиот центар ТРИ или на Фејсбук страницата „Вљубени во книгата“.

Добитници на „Еден ден“ се:

1. Јасна Пановска

2. Бошко Китанов

3.  Ивона Караџоска

- Реклама -