Црвена и препотена, едвај ја препознавме

Иако сме навикнати да ја гледаме секогаш прекрасна и совршена, конечно и оваа убавица беше уловена во издание кое таа сигурно не сакаше да биде забележано. Имено, Шарлиз Терон неодамна беше забележана како е внесена во снимањето на нејзиниот најнов филм „Dark Places“, но се чини дека актерката успева да издвои и време во кое ќе се посвети на својата форма.

Така, 38-годишната блондинка беше уловена од папараци фотографите во особено испотено, зацрвенето и уморно издание. Очигледно после вежбање, актерката се обиде да се затскрие со капа и големи очила за сонце, но залудно. Во секој случај, сите сме свесни дека после вежбање ретко кој изгледа убаво, а актерката во сите останати пригоди изгледа прекрасно.

article-0-1B9894CD000005DC-443_634x960