Во текот на изминатата година видовме огромен број на воодушевувачки цртежи, кои пленеа со нивната необичност и креативност. Сепак, примероците кои ви ги прикажуваме подолу, дефинитивно се издвојуваат од групата. Зошто? Италијанскиот артист Алесандро Диди ги креираше најреалистичните 2D цртежи кои сме ги виделе кога и да било до сега. Дури и со детална анализа е тешко да се уверите дека навистина станува збор за дела насликани само со молив. Погледнете.