Верувале или не, да го зготвите најфиниот чоколаден капкејк ви требаат 60 секунди! Ова е идеалното колаче за сите почетници, мрзливци и оние кои не сакаат да се замараат со рерна.
Состојки:
1/4 шолја брашно (шолја за чај)
1/4 шолја шеќер
2 лажици какао во прав
2 лажици растително масло
2 лажици млеко
50 грама ситно искршено темно чоколадо
еден напрсток сол
Припрема:
1. Во еден сад измешајте ги сите суви состојки (брашно, шеќер, какао, сол)
2. Во длабок сад измешајте го млекото и маслото, па постепено истурете го и другиот сад, при тоа константно мешајте
3. Кога се ќе се претвори во густа, кремаста смеса ставете го и ситно искршеното темно чоколадо и измешајте убаво
4. Префлете ја целата смеса во шолји за кафе или хартиени чашки за капкејк
5. Ставете ги во микропечка и на највисока температура оставете ги 60 секунди
6. Поради фактот дека сите микропечки не се исти, после 30 секунди проверете дали колачот е готов. Треба да биде еластичен и леплив.
Може да се послужи со сладолед, шлаг или со прелив од чоколадо.