Доколку сте љубители на необичните ентериери, подгответе се да погледнете уште еден таков во долгата низа. Лоциран во Атина, и креиран од познатиот грчки архитект Минас Космидис, се наоѓа познатиот ресторан „Biribildu“. Тука, освен што може да се замезите со вкусно суфлаки, можете и да уживате во необичниот амбиент кој го нуди ова место. Имено, ова фаст фуд ресторанче благодарение на црвено жолтите детали и разните слики и додатоци, во потполност го има доловено циркускиот живот. Погледнете и самите.