Секој од нас има свои „бубачки“ и навики од кои не сака да се откаже.
Кај славните и познати личности сето тоа е сè повеќе претерано.
Ен Кендрик
Играњето преку интернет може да се смета за хоби во слободно време кое го практикуваат повеќето млади, но младата ѕвезда, Ен Кедрик, стигнала до сосема ново ниво со оваа навика. Таа признава дека неа играњето “Angry Birds” и го одзема скоро целото слободно време.
Шерил Кол
Здраво е ако се конзумира во одредени количини. Но, Шерил е опседната со сок од морков. Пие и до осум чаши дневно, велат нејзините пријатели.
Џеси Ајзенберг
Џеси собира бездомни мачки.
Меган Фокс
Оваа актерка обожава да натрупува чевли во својот плакар. Првото нешто што го купила од добивката од филмот, биле чевлите “Roberto Kavali” од 600 долари.
Бен Афлек
За некои коцкањето е сериозна зависност, но за Бен Афлек коцкањето е само игра. Во состојба е да потроши и по 20.000 долари во една вечер. Овој актер игра покер четири пати неделно. Една ноќ во Лас Вегас изгубил речиси половина милион долари играјќи турнир во покер.
Роберт Патинсон
Патинсон признава дека еднаш испил над 300 лименки диетална кока кола за една недела.
Ози Озборн
Ози е вистински зависник од житарките “Sugar PAFs” кои ги јаде за доручек. Бидејќи парите не му се проблем, Ози ги увезува овие житарки од Англија бидејќи само таму се произведуваат.
Аврил Лавињ
Таа обожава да се шминка, а особено внимание посветува на шминката за очи, па најмногу користи креон и туш. Вели дека се чувствува како без облека кога нема истакнат креон околу очите.
Селма Хајек
Најбизарниот „порок“ е секако оној на Селма Хајек, а тоа е доењето. Тој вели дека не може да престане да го дои своето бебе, особено кога знае колку е тоа здраво за детето.
Џек Блек
Порано сакал да игра онлајн игри и бил страствен пушач, а денес двете навики ги заменил со една, многу поздрава: зелен чај. Почнал да го пие во 2008 година по раѓањето на вториот син.