Човекот е едно со природата, а скулптурите ја доловуваат импресивната поента

Ако ги погледнете скулптурите од серијата Stillness in Motion на Олга Зиемска, ќе видите куп гранчиња, собрани на едно место.

Одејќи напред пред вас ќе се открие фигура на жена, стилизирана со исклучителна прецизност преку бројни мали стапчиња.

1 2 10 11 12

Зиемска е скулпторка која живее во Кливленд Охајо. Таа го создава поголемиот дел од делата во своето студио крај езерото Ири. Тие се толку мајсторски изработени што голем дел од нив совршено се вклопуваат со природата. „Listen“ (Слушни) е името на изложбата која таа ја презентираше во Центарот за полска уметност во Орноско, Полска.

Нејзиното дело првично може и да не ви личи на скулптура, додека не ги видите деветте раце во горниот дел на брезата.

3

Други нејзини дела се наоѓаат на затворени простори и се концентрираат дополнително врз одделни човечки аспекти.

Нејзината релативно минијатурна серија How I Learned to Listen вклучува човечко уво, извајано врз отворот на школка.

9

 Симболизмот во случајот е очигледен.

Друг пример, пак, е скулптурата Absorption при која што недостасува горниот дел на глинена глава. Восокот од свеќа, се наоѓа над неа и полека но сигурно, капе во неа. Ако сакате да видите други дела на Олга, посетете го нејзиниот официјален сајт .

7 8

- Реклама -